Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека ситуацијата на југот од земјата и во регионот на Донбас се уште е многу тешка и откри дека отпуштил двајца припадници на службата за национална безбедност поради обвинувања за предавство.

Зеленски соопшти дека тие се шеф на внатрешната безбедност и шеф на безбедносниот огранок во регионот Херсон, пренесува „Ројтерс“.

Сега немам време да се занимавам со предавници, но тие ќе бидат казнети со време.

 

Ни претстојат уште битки. Ќе треба да тргнеме по многу тежок пат, да добиеме се што сакаме. Ситуацијата во Донбас останува исклучително тешка – вели Зеленски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.