Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, објави јавен предлог со Руската федерација да биде направена размена на уапсениот украински политичар, кој важи за проруски, Виктор Медведчук за заробени Украинци.

Украинската безбедносна служба соопшти дека го уапсила Медведчук, кој беше во домашен притвор поради сомнение за предавство, но, се обиде да побегне неколку дена по почетокот на руската воена акција.

Медиумите пишуваат дека Медведчук се смета за најблизок и највлијателен сојузник на Путин во Украина.

Украинските власти го сомничат Медведчук за велепредавство и обид за грабеж на националните ресурси на Крим, што се припои кон Русија во 2014 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.