Украинците треба да разберат дека Русија ги има сите расположливи ресурси да го запре напредувањето на украинските војници во источните и јужните делови на земјата, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Сите ние мора да разбереме многу јасно, колку што е можно појасно, дека руските сили во нашите јужни и источни региони прават се што е во нивна моќ да ги запрат нашите војници“, рече Зеленски во своето вечерно видео обраќање по брифингот со високи воени команданти.

„Затоа на секои илјада метри на кои напредуваме, секој успех на секоја борбена бригада ја заслужува нашата благодарност“, додаде украинскиот претседател.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.