Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска изјави дека во Украина има повеќе од 100.000 руски окупатори, јави украинската државна агенција Укринформ.
Зеленски оваа информација ја сподели во разговорот со индискиот премиер, Нарендра Моди.
Разговарав со индискиот премиер Нарендра Моди и го информирав за текот на гнасната руска агресија на Украина. Повеќе од 100.000 окупатори се наоѓаат на наша територија. Подмолно пукаат врз станбени згради. Ја повикав Индија да ни даде политичка поддршка во Советот за безбедност на ОН. да го запреме агресорот заедно!“ напиша Зеленски на Твитер.
Рускиот претседател, Владимир Путин, на 24 февруари ја најави и веднап го нареди почетокот на специјалната воена операција во Украина. Веднап потоа, руските ракети погодија голем број украински градови и беа нападнати воените објекти на украинските вооружени сили.
Врховната Рада исто утро го одобри указот на претседателот Володимир Зеленски за воведување воена состојба низ Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.