Германија изрази зачуденост од одлуката на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, да го прими германскиот претседател, Франк-Валтер Штајнмаер.

Германскиот претседател јасно и дефинитивно застана на страната на Украина. Германија беше и се уште е еден од најодлучните поддржувачи на Украина, а тој факт е тесно поврзан со долгорочните активности на германскиот претседател – се наведува во реакцијата на портпаролот на германската влада.

Штајнмаер требаше да го посети Киев заедно со претседателите на Полска, Естонија, Литванија и Летонија, но украинската влада одби такво нешто и наместо тоа го покани германскиот канцелар, Олаф Шолц, да разговара понатаму, пред се за германската воена помош за Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.