Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, му честиташе на Доналд Трамп за, како што вели, „импресивната изборна победа“

Се сеќавам на нашата прекрасна средба со претседателот Трамп во септември, кога детално разговаравме за украинско-американските односи, стратешкото партнерство, Планот за победа и начините за ставање крај на руската агресија врз Украина. Ја ценам посветеноста на претседателот Трамп на пристапот „мир преку сила“ во глобалните работи. Токму овој принцип може практично да го доближи праведен мир во Украина. Се надевам дека заедно ќе го спроведеме на дело“, напиша тој.

Зеленски додава дека Украина со нетрпение го очекува доаѓањето на ерата на силни САД под одлучувачкото водство на Трамп.

Ние сме заинтересирани за развивање на заемно корисна политичка и економска соработка која ќе биде од корист за двете земји. Украина, како една од најсилните воени сили во Европа, е посветена на обезбедување долгорочен мир и безбедност во Европа и трансатлантската заедница со поддршка на нашите сојузници“, пишува Зеленски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.