Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за списанието Економист ги коментираше земјите кои помагаат и оние за кои смета дека не и помагаат на Украина во борбата против Русија.
Тој остро го критикуваше францускиот претседател Емануел Макрон за неуспехот да обезбеди воена поддршка за Украина.
– Зошто? Затоа што се плашат од Русија. И тоа е тоа. А оние кои први велат дека ќе помогнат, први се плашат, истакна Зеленски.
Тој го пофали британскиот премиер Борис Џонсон и Велика Британија за нивниот одговор на руската инвазија
– Да бидам искрен, Џонсон е лидер кој помага повеќе. Лидерите на земјите реагираат според тоа како постапуваат нивните избирачи. Во овој случај Џонсон е пример. Британија дефинитивно е на наша страна. Таа не прави баланс. Британија не гледа алтернатива за излез од ситуацијата. Британија сака Украина да победи, а Русија да загуби, но не сум подготвен да кажам дали Британија сака да биде вовлечена во војна или не, нагласи Зеленски.
Украинскиот претседател додаде дека „Германија се обидува да биде балансирана”.
– Тие имаат долги односи со Русија и ја гледаат ситуацијата низ призма на економијата. Понекогаш помагаат. Мислам дека се обидуваат да се прилагодат на ситуацијата како што се развива. Тие исто така гледаат како ситуацијата влијае на нивната земја. Можат да помогнат ако има притисок врз нив во државата за да го сторат тоа, и можат да престанат кога ќе видат дека тоа што го направиле е доволно, коментира Зеленски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.