Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, соопшти дека го поканил поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Украина.

Зеленски додаа дека доколку Трамп одговори позитивно на поканата и дојде во Украина, тој е подготвен да оди со него „дури и на првата линија од фронтот“.

Јас отворено го поканив Трамп да дојде во Украина, но тоа зависи од неговата желба… Ако дојде Трамп, јас сум подготвен да одам со него дури и на првата линија. Би сакал да му покажам што е вистинска војна“, изјави Зеленски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.