Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека Русија лаже ако мисли дека Лиман или Северодоњецк ќе бидат нејзини.

Донбас ќе биде украински, истакна Зеленски во видео обраќањето. Тој додаде дека дури и ако Русија носи уништување и страдање насекаде, Украина сепак ќе го обнови секој град.

Зеленски оцени дека ситуацијата во Донбас е многу тешка и дека руските сили се обидуваат барем за 100 дена да ги постигнат целите што се надеваа дека ќе ги остварат уште во првите денови од конфликтот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.