Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко демантираше дека изјавил „Украинците ќе бидат ослободени од Русија како што Албанците се ослободени од Србија“.

„Пријатели, поединечни странски интернет медиуми, вклучително и руски, почнаа да шират мој наводен цитат во врска со Србија и со Албанија. Јас тоа не сум го кажал. И пред да пренесат таков вид информација или нешто што цитираат, новинарите треба да побараат аудио или видео доказ од таква изјава“, порача Кличко.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.