Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, му вети на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека првите чекори на Украина кон членството во ЕУ ќе бидат забрзани.
Шефицата на ЕК на украинскиот претседател му врачи прашалник што ќе биде појдовна точка за ЕУ за одлуката за членството на Киев.
Нема тоа да биде, како што е вообичаено, прашање на години за да се формира мислењето, јас мислам дека ќе биде прашање на недели – порача Фон дер Лајен.
Зеленски одговори дека ќе ги достави одговорите за една недела.
Фон дер Лајен укажа и на важноста на санкциите против Русија поради воената акција во Украина.
Русија ќе потоне економски, финансиски и технолошки, додека Украина маршира кон европската иднина, јас го гледам тоа – порача Фон дер Лајен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.