Во Велика Британија е покрената истрага откако велшката влада случајно открила официјални мејлови за протоколите кои важат за случај кога кралицата ќе почине.

Е-пошта, означена како „официјално чувствително“, била испратена до поголем број луѓе во Владата, но и до поранешен вработен.

Внатре во е-поштата имало писмо од државен службеник, во кое се наведува загриженоста дека една новинска организација имала доверливи информации за плановите.

Пред неколку години, британски „Гардијан“ објави напис за таен план што треба да се случува во деновите по смртта на кралицата, а потоа минатата година се појавија написи за деталите од операцијата „Лондон Бриџ“, што е шифра за постапката во случај на смрт на кралицата.

И покрај фактот што е-поштата билае означена како официјална, велшката влада соопшти дека „не содржи никакви оперативни информации“.

Тоа беше означено како „официјално чувствително“ и не требаше да се сподели. Ние го сфаќаме прашањето за безбедноста на информациите и податоците многу сериозно и ова сега се истражува како потенцијално нарушување на безбедноста – изјави портпаролот на постојаниот секретар Ендрју Гудал, кој е шеф на државната служба на владата на Велс.

Оваа година кралицата го слави платинестиот јубилеј, а во февруари таа ја прослави 70-годишнината од стапувањето на тронот – со што стана британски монарх со најдолг стаж.

За да се прослават овие годишнини, се одржуваат различни настани и иницијативи во текот на целата година, вклучително и четиридневен одмор.

Кралицата (95) неодамна закрепна од Ковид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.