Украинскиот претседател Владимир Зеленски ја повика Европската Унија да остане обединета против Русија. Зеченски ваквата порака ја испрати за време на разговорите со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и по контроверзните изјави на германските претставници.

Зеленски им се заблагодари на Мишел и на националните лидери на ЕУ за нивната солидарност и поддршката за време на конфликтот и тензиите со Русија.

Тој нагласи дека „за Украина е важно да се зачува единството на сите земји-членки на ЕУ во заштитата на суверенитетот и територијалниот интегритет“ на неговата земја, поради потенцијалната руска инвазија“, се наведува во соопштението на украинското претседателство.

Украина нема да попушти пред провокациите. Напротив, ќе ја задржи својата присебност, заедно со своите партнери. Благодарен сум ви господине претседателе и на лидерите на земјите од ЕУ, чии дипломати остануваат во нашата земја и не поддржуваат во нивната работа – му рекол Зеленски на Мишел во телефонскиот разговор.

Тој, исто така, порачал дека Украина нема намера да одговори на руските провокации.

Москва претходно во текот на денот повторно го обвини Киев дека подготвува офанзива против проруските сепаратисти на истокот на земјата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.