Стотици здравствени работници во Велика Британија учествуваа во тивка поворка и бдеење пред Даунинг стрит за да извршат притисок за итен прекин на огнот во Газа.
Поворката, организирана од „Здравствените работници за Палестина“, почна на Вестминстерскиот мост пред болницата Свети Томас и заврши со говор пред Даунинг стрит.
Британските здравствени работници се појавија во униформа, носејќи мали ковчези на кои беа испишани имињата на убиените палестински деца во Газа.
Демонстрантите носеа палестински знамиња и транспаренти на кои пишуваше „Стоп за геноцидот на Израел во Газа“. Тие извикуваа „прекин на огнот – сега“ и „веруваме дека ќе победиме“.
Тивки поворки истовремено се одржаа во повеќе места во светот, а меѓу другите беа најавени вакви протести во Торонто, Куала Лумпур, Сан Диего, Јоханесбург, Париз, Калкута, Белфаст и Даблин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.