Илјадници луѓе излегоа на улиците во Израел за да повикаат на ослободување на заложниците кои ги држи Хамас во Газа, како и оставка од Владата. Роднините на заложниците го обвинија израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за неуспех на тековните преговори со Хамас, кои се водат преку меѓународни посредници.

Договор би можел да ги врати заложниците во нивните домови уште утре. Гласав за тебе. Кога ќе гласаш за мене“, рече во својот говор мајката на млад Израелец, заложник во Газа.

Учесници на друг протест во Тел Авив побараа оставка од владата и распишување нови избори. Подоцна, неколку стотици демонстранти блокираа некои од главните сообраќајни артерии во градот, а најмалку седум демонстранти се уапсени.

Слични протести се одржани во Ерусалим и Хаифа.

За време на ноемврискиот прекин на огнот беа ослободени 105 заложници во замена за 240 палестински затвореници. Хамас сè уште држи 136 лица, иако според израелските проценки најверојатно загинале најмалку 30.

Египет, Катар и САД се обидуваат да воспостават подолг прекин на огнот и да ја олеснат размената на заложници за палестинските затвореници држени во Израел, во неколку фази.

Во моментов преговорите напредуваат бавно. Во меѓувреме, израелската војска продолжува со масовни воздушни напади и копнена офанзива против Хамас. Повеќе од 28.000 Палестинци загинаа во бомбардирањето на Газа, повеќето од нив цивили, според регионалните здравствени власти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.