Производството на гас во холандски Гронинген, каде што се наоѓа најголемото наоѓалиште на природен гас во Европа, е прекинато. Одлуката за прекин на производството на гас е донесена поради ризик од земјотрес.

Како што пишува порталот „NL Times“, одлуката предвидува можност, во исклучителни околности производството да може да се рестартира следната година.

Според таа можност, наоѓалиштата на гас нема да бидат трајно затворени до 1 октомври 2024 година, доколку биде неопходно да се продолжи со производство поради многу студена зима или други непредвидени околности.

Одлуката допрва треба да ја потврди долниот дом на парламентот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.