Холандската министерка за одбрана, Каиса Олонгрен, изјави дека Холандија ќе и обезбеди на Украина вкупно 24 борбени авиони Ф-16.

Севкупно, на Украина ќе и обезбедиме 24 борбени авиони Ф-16. Тие ќе и бидат предадени на Украина штом се е подготвено. Овој момент зависи од обуката на украинските пилоти и техничари, како и, се разбира, од инфраструктурата, нагласи Олонгрен.

Според неа, овој трансфер е заеднички напор со Украина, како и со Данска, САД и други земји.

Тешко е, комплицирано е, но ќе се случи. Нашата коалиција се надева дека ова лето ќе можеме да почнеме со испорака на борбени авиони Ф-16, прво од Данска, а потоа и од Холандија, додаде Олонгрен.

Холандија има намера да ја изврши првата испорака на Ф-16 во Украина во втората половина на оваа година, забележуваат украинските медиуми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.