Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Русија и Украина се договориле за конкретен план за размена на воени заробеници, но дека украинската страна се повлекла од договорот во последен момент.

Без објаснување, украинската страна ги отфрли сите договорени позиции – изјави Захарова.

Во соопштението на руското Министерство за надворешни работи, се додава дека со сигурност е утврдено дека руските затвореници биле подложени на тортура.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.