Њујорк тајмс“ ја потврди автентичноста на видеото на кое се гледа како украинската армија убива ранети руски војници.

На видео објавено во понеделникот на Интернет, кое го потврди и „Њујорк тајмс“, се гледа како група украински војници убиваат заробени припадници на руската армија пред село западно од Киев – пишува американскиот весник.

Сè уште е жив. Снимете ги овие окупатори. Види, тој сè уште е жив. Едвај дише – вели украинскиот војник, додека на видеото се гледа руски војник со јакна навлечена преку глава.

Наводно Русинот е ранет, но се уште дише.

Војникот потоа пука во човекот, кој продолжува да се движи, а војникот потоа повторно пука во него. Тогаш човекот престанува да се движи.

Покрај жртвата, се гледаат уште тројца руски војници, од кои едниот има рана на главата, а рацете му се врзани зад грб. Сите се облечени во униформи, а тројца од нив имаат бела лента на ракавите, која вообичаено ја носат руските сили во Украина.

Опрема е расфрлана околу нив, а на главите на руските војници се забележуваат дамки од крв.

Војниците лежат на улица во близина на оклопното возило БМД-2, кое го користат руските десантни сили. Како што изгледа на видеата, им ги соблекле јакни, чевлите и шлемовите. Други уништени возила се гледаат понатаму по улицата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.