Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова кажа дека руската војска ќе одговори ако Финска влезе во НАТО.

Фински новинар ја праша какви мерки планира да преземе Русија, по што Захарова кажа дека тоа ќе биде изненадување.

„Тоа е прашање на кое треба да одговори Министерството за одбарна. Одлуката ќе биде донесена врз основа на одредени фактори, но пред сè ќе биде донесена од страна на руската војска“, кажа Захарова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.