Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, порача дека Русија ќе одговори на протерувањето руски дипломати од Германија.

Ќе одговориме и на овој злобен чин на германската политичка машинерија – изјави Захарова.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок ја објави одлуката за протерување на 40 руски дипломати, вработени во руската амбасада во Берлин, како „персона нон грата“.

Германија протера „значителен број“ руски дипломати, што шефицата на германската дипломатија го нарече одговор на „неверојатната бруталност“ што Кремљ ја спровел во Украина.

Овој потег на Германија следува по преземените слични чекори на европските партнери во изминатите денови како одговор на руската воена акција во Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.