Германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, ја објави одлуката за протерување на 40 руски дипломати, вработени во руската амбасада во Берлин, како „персона нон грата“.

Шефицата на германската дипломатија ја образложи одлуката на Германија да протера „значителен број“ руски дипломати како одговор на „неверојатната бруталност“ што Кремљ ја спроведе во Украина .

Овој потег на Германија следува по преземените слични чекори на европските партнери во изминатите денови како одговор на руската воена акција во Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.