Само неколку моменти по свадбената церемонија, невеста загина во судир на автомобил управуван од пијана возачка и возило за голф. Несреќата се случила на пат во Јужна Каролина додека таа и нејзиниот сопруг го напуштале местото каде што го кажале судбоносното „да“, објавија властите во понеделникот, пишува The Guardian.

Загина Саманта Милер (34) од Шарлот, Северна Каролина, а уште тројца во возилото се тешко повредени, меѓу кои и нејзиниот сопруг Арик Хачинсон, кој се наоѓа во критична состојба во болница. Мајката на младоженецот, Анет Хачинсон, апелира за помош преку GoFundMe за да собере пари за погребот на нејзината снаа и за медицинските сметки на нејзиниот син.

Во огласот е објавена фотографија на која младенците трчаат под прскалките непосредно пред несреќата во која нивната кола за голф се преврте неколку пати. Покрај таа фотографија, таа објави и фотографија од нејзиниот син кој во болница закрепнува од повреда на мозокот и бројни скршеници.

Податоците од автомобилот кој осомничената Џејми Ли Комороски го изнајмила, покажуваат дека таа возела 105 км/ч, и покрај ограничувањето на островот од 40 км/ч, и само кратко закочила пред да удри во колата за голф околу 22 часот во Фоли Бич, велат истражителите. Возилото голф имало запалени светла и дозвола да се управува и ноќе.

Комороски (25) доби кривична пријава за убиство од невнимание и уште три други обвиненија за возење под дејство на алкохол. Таа остана во притвор во затворот во Чарлстон во понеделникот попладне и се соочува со затворска казна до 25 години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.