Десетина дена по разорниот земјотрес од 7,8 степени според Рихтер и серијата помали потреси, се повеќе стивнуваат надежите дека е можно да има пронајдено нови преживеани.

Сепак, постојат случаи коишто на спасувачките екипи, сепак, им даваат надеж и сила да продолжат со потрагата.

Во истовреме, екипи целодневно работат на расчистување на урнатините и собирање на купиштата истрошен бетон, арматура во коишто се претворени најпогедените места од земјотресот.

Еден од градовите што најтешко беше погоден од земтресите е турски Кахраманмараш, а „Република“, преку серија фотографии, ви пренесува дел од атмосферата и од тоа како изгледа овој град по стравичната природна непогода.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.