Вицепремиерката на Украина, Ирина Верешчук, изјави дека за денеска се договорени девет хуманитарни коридори за евакуација на цивили.

Еден коридор е од опколениот Мариупол, но евакуација од тој град е можна само со приватни автомобили – изјави Верешчук.

Пет од девет коридори се договорени од источниот регион Луганск, за кој властите велат дека е под силен руски напад.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.