Врховниот суд на Нов Зеланд денеска пресуди дека правото на глас со навршени 18 години е дискриминирачко за младите луѓе, што ја поттикна Владата да размисли за спуштање на старосната граница при гласање на 16 години.

Премиерката Џасинда Ардерн по објавувањето на пресудата презентираше предлог-закон што го отвора патот за донесување одлука за гласање на 16-годишниците, но нагласи дека промената е условена од сложена процедура така што тешко дека ќе биде спроведена за општите избори предвидени за наредната година.

Врховниот суд на Нов Зеланд својот став го донесе повикувајќи се на националната Повелба за правата со која се признава правото на донесување лични одлуки на возраст од 16 години. Пресудата наложува отпочнување процедура за задолжителна собраниска расправа и ревизија на прашањето, но истата не е обврзувачка.

Лично го поддржувам намалувањето на возраста за гласање, но тоа не е прашање што ме засега мене, па дури и мојата влада. Секоја промена на изборниот закон од ваков карактер мора да биде одобрена од 75 отсто од пратениците. Затоа ова прашање пред се го засега Парламентот, рече премиерот.

Прашањето иницирано од Здружението за унапредување на правата „Направи го 16“ судските власти го иницираат уште од 2020 година, но одлуката останува да ја донесе Парламентот.

Малку држави им овозможуваат право на глас на лица со навршени 16 години. Една од нив е Бразил.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.