Во метро станицата Шуман во Брисел, во близина на седиштето на европските институции, вечерва е избоден млад човек, додека неколку лица се здобиле со расекотини со нож, јавува „Брисел тајмс“.

Полицијата го уапсила напаѓачот, а очевидци велат дека тој најпрвин со нож нападнал неколку луѓе во метрото, а потоа почнал да напаѓа околу станицата, при што ранил еден млад човек, а неколку луѓе биле полесно повредени.

На местото на настанот пристигнале полициски единици и возила на брза помош.

Персоналот кој работи за Европската комисија е предупреден да ја избегнува областа околу метро станицата Шуман, која во моментов е затворена.

„Немаме информации кога ќе продолжи редовниот сообраќај“, соопштија од бриселската градска сообраќајна служба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.