Турските власти денеска соопштија дека уапсиле 27 лица осомничени за врски со проповедникот Фетула Ѓулен, кого претседателот Реџеп Таип Ердоган го обвинува за организирање на обидот за воен удар во 2016 година.

Апсењата се извршени во Анкара и Истанбул, а се трага по уште седум лица, јави агенцијата Анадолија.

Меѓу уапсените има и еден генерал и двајца офицери, кои беа отпуштени од армијата во чистките по неуспешниот пуч.

Апсењата, изведени во пет турски провинции, се насочена кон симпатизери на „терористичката организација ФЕТО“, акронимот што Анкара го користи за да го означи движењето на Ѓулен.

Во претходната акција против осомничени за учество во финансиски активности на ова движење, спроведена во октомври, имаше повеќе од 700 апсења.

Уапсените се осомничени дека примале или прераспределиле пари испратени од странство од приврзаниците на Фетула Ѓулен, кој живее во САД.

Ердоган смета дека Ѓулен (81) е организатор на обидот за пуч во јули 2016 година. Од тој неуспешен пуч, турските власти уапсија повеќе од 300.000 луѓе, особено во редовите на полицијата, судството, војската и интелектуалците.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.