Најмалку 55 Палестинци биле убиени во Појасот Газа во текот на ноќта откако Израел објави дека ги засилува своите бомбардирања, соопшти владата на политичкото крило на Хамас.

Најмалку 55 луѓе се убиени во текот на ноќта до 6 часот наутро, а повеќе од 30 згради се уништени, се вели во соопштението на владата на палестинското исламско движење, која управува со енклавата.

Палестинското министерство за здравство соопшти и дека израелските сили убиле четворица Палестинци на Западниот Брег во текот на ноќта, со што вкупниот број на убиени Палестинци таму од 7 октомври се искачи на 89.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.