Во САД се регистрирани најмалку 1,13 милиони нови случаи на Ковид-19 за 24 часа, што е апсолутен светски рекорд во време кога расте ширењето на високо заразниот Омикорн сој на корона вирусот.

Претходниот негативен рекорд беше 1,03 милиони, регистриран на 3 јануари. Секој понеделник во САД се пријавуваат голем број случаи, бидејќи многу држави не даваат податоци за време на викендот. Просечната дневна стапка на нови инфекции тројно се зголеми за две недели на повеќе од 700.000 случаи.

Новиот рекорд на случаи доаѓа истиот ден со рекордниот број на хоспитализации, кој се удвоил за три недели. Во последните 24 часа биле пријавени уште 135.500 нови хоспитализирани со Ковид-19, со што е надминат досегашниот рекорд од 132.051, регистриран во јануари минатата година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.