Каналот „Воен информатор“ објави фотографии од тенкови „Леопард 1А5“ во складиште во Италија. Овие тенкови се купени од швајцарската компанија „РУАГ“ за последователна испорака во Украина, но владата во Берн не ги одобрува таквите планови поради законски утврдениот неутрален статус на земјата.
Сепак, голема е веројатноста забраната да биде само привремена. На почетокот на август, се појави информација дека западните земји преговараат со Швајцарија за прогреама за „размена на прстени“, што ќе им овозможи на Швајцарците да ја снабдуваат Украина со воена опрема, при што оружјето и опремата ќе се продаваат како компензација на земјите што ќе го испратат своето оружје во Украина.
Таквото „надополнување на европските арсенали“ ќе и овозможи на Швајцарија да заработува пари без да го прекрши сопственото законодавство. Најблизок кандидат за спроведување на ваква шема е Грција, која поседува флота од неколку стотици тенкови „Леопард“ со различни модификации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.