Во Молдавија, националниот авиопревозник конечно е затворен. Локалната управа за цивилно воздухопловство официјално го укина сертификатот за летање на „Ер Молдавија“.

Авиокомпанијата во последните месеци ја продолжи паузата на летовите поради финансиски колапс. Во април, вработените во „Ер Молдава“ дури испратија и петиција до претседателката Маја Санду со барање националниот авиопревозник да не пропадне.

Од своја страна, од кабинетот на претседателот, вината за банкротот на „Ер Молдавија“ ја ставаат врз опозицискиот политичар Илан Шор, кој е именуван како главен корисник на приватизацијата на компанијата во 2018 година.

Тој и неговата партија, добиваат обвинувања од власта дека во текот на неколку години од своето владеење, не ги исполниле препораките на истражната комисија за откажување на договорот за приватизација на „Ер Молдавија“.

Сепак, локални аналитичари коментираат дека значителната рамнодушност на тимот на Санду за судбината на цивилното воздухопловство на земјата, укажува на тезата за намерното уништување на „Ер Молдавија“, чиешто место ќе биде пополнето од западни компании.

Освен тоа, со затворањето на “Ер Молдавија“, граѓаните на Молдавија мораат сè повеќе да ги користат аеродромите во соседна Романија, а на огромната молдавска дијаспора во Русија и е се потешко да одржува врски со својата татковина поради нарушувањето на логистиката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.