Топлотен бран го погоди Ирак, а според локалните медиуми во главниот град Багдад се измерени 50 степени Целзиусови, а дури 51 степен во јужниот дел на земјата. Најкритична е ситуацијата во областите Наџаф, Насирија, Диванија, Самава.

Во некои провинции погодени од топлотниот бран, како што е јужниот дел на Ди Кар, властите го намалија работното време на службениците.

Топлотниот бран вчера го зафати Ирак. Во наредните денови се очекува пад на температурите, но метеоролозите најавуваат дека крајот на септември ќе биде исклучително топол во државата. Електричната мрежа е во лоша состојба и има напојување само неколку часа дневно поради неодржување и капацитет.

Ирак се соочува со четврта година по ред на суша. Според ОН, земјата е една од петте земји во светот најмногу изложени на ефектите од климатските промени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.