Формирана во јуни 2014 година, додека џихадистите на Исламската држава зазедоа голем дел од западен Ирак и источна Сирија, Ал-Хашд ал-Шааби („Сили за народна мобилизација“ – ПМФ) се милициска коалиција создадена да го запрат ширењето и дејствувањето на терористичката организација.

Лојалени на ирачката влада и формално дел од војската на Ирак, ПМФ се состои од над 60 вооружени фракции, инкорпорирани претставници од секоја голема етничка и религиозна деноминација и секта во земјата – од шиити и сунити до христијани, Јазиди, Туркмени и Курди.

ПМФ беше вклучена во секој голем ангажман против силите на ИСИС. Во моментите кога Пентагон известуваше за својата кампања на воздушни напади против терористите, на ПМФ му припадна задачата воено да им се спротивстави на терен, во урбана борба против исламистите. Некои сили на ПМФ, исто така, доброволно се распоредија во Сирија за да се борат против ИСИС и другите џихадисти кои сакаат да ја соборат владата на претседателот Башар ал Асад.

И во Ирак и во Сирија, операциите на ПМФ беа клучни за спасување на локалните жители, а особено на малцинствата, од истребување и ропство од страна на терористите.

Лабавата структура и врските на ПМФ со Иран им направија проблеми со официјален Вашингтон, кој се обиде (и не успеа) да ги принуди силите на милицијата да се распуштат откако големите операции против ИСИС беа завршени кон крајот на 2017 година.

Тензиите меѓу САД и ПМФ драматично се зголемија во 2019 година, откако групата ги обвини САД и Израел за бомбардирање на нивните бази. Тие дополнително ескалираа во 2020 година, откако САД без провокација ги уби заменик-шефот на ПМФ, Абу Махди ал-Мухандис и командантот на Иранската гарда ИРГЦ, Касем Сулејмани во Багдад. Убиствата поттикнаа елементи на милицијата да ветат дека ќе ги протераат американските сили од регионот користејќи кампања со беспилотни летала и ракетни напади.

Во октомври 2023 година, ескалацијата на палестинско-израелската криза поттикна делови од ПМФ драматично да ги засилат нападите врз американските бази во Ирак и Сирија како одговор на дипломатската и воената поддршка на САД за официјален Тел Авив. Откако тројца американски војници беа убиени во база на границата меѓу Јордан и Сирија, САД почнаа големи напади врз цели „поддржани од Иран“. Силите на ПМФ потврдија дека десетици нејзини членови биле убиени или повредени „како резултат на кукавичката американска агресија“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.