Германската полиција денеска поднесе обвинение против руски државјанин поради шпионирање во корист на Русија. Тој, наводно, дошол до информации за воздухопловната индустрија и ги испратил до руската разузнавачка служба, поточно ги доставил податоците за ракетата Аријан.
Германското федерално обвинителство соопшти дека осомничениот, по име Илхур Н, работел како научен истражувач на Универзитетот во Баварија, се до неговото апсење на 18 јуни минатата година.
Според германските власти, Руската служба за надворешно разузнавање го контактирала есента 2019 година.
Интересите на (руските) разузнавачи се особено поврзани со различните случувања на европската ракета Аријан 5“, се наведува меѓу другото во соопштението.
Илхур добил 2.500 евра во кеш за откривање доверливи информации за време на состанок со руски разузнавачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.