Во САД со денови има исклучително високо ниво на два клучни типа на загадувачи на воздухот поради климатските промени. Ова е загрижувачки тренд по децении подобрување на состојбата, од усвојувањето на законот за чист воздух во 1970 година, се наведува во магазинот „Science Advances”.

Се зголемува бројот на шумските пожари, кои станаа интензивни поради климатските промени. Поради ова и други причини, во периодот од 2000 до 2020 година, со денови има опасно ниво на приземен озон и ситни ПМ честички.

Во истражувањето се наведува дека се создаваат здравствени ризици за луѓето кои престојуваат ширум САД.

Научници проценија дека нивото на загадување е екстремно високо. Тие инсистираат дека е неопходна итна реакција, како што се спречување на негативни модели на однесување и навики на потрошувачите, како и „поагресивна” транзиција кон обновливи извори на енергија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.