Во услови на зголемени стравувања во Германија дека Русија би можела да ја нападне клучната инфраструктура на земјата поради нејзината поддршка за Украина, владата во Берлин го отпушти шефот на службата за сајбер безбедност по наводите дека имал контакти со руските разузнавачки служби.

Отстранувањето на шефот на Федералната канцеларија за информатичка безбедност, Арне Шонбом, дојде откако водителот на германската сатирична телевизиска емисија овој месец го обвини дека одржува индиректни контакти со руските разузнавачки служби преку Сајбер-советот за безбедност на Германија, пишува Вашингтон пост. Тоа предизвика контроверзии, бидејќи еден од неговите основачки членови е „Протелион“, за кој се вели дека е ребрендираниот германски огранок на руската компанија за сајбер безбедност „Инфотекс“, основана од поранешен агент на КГБ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.