Продолжува падот на изградбата на станови во Германија, е заклучокот од истражувањето што денеска го објави Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен.

Во јули, 40,3 отсто од градежните компании во Германија се пожалија на недостиг на нарачки за изградба на станови, што претставува зголемување во споредба со јуни, кога 34,5 отсто од фирмите пријавиле исти проблеми. Пред една година, во јули 2022 година, само 10,8 отсто од компаниите објавија дека немаат доволно нарачки.

„Се подготвува бура. По многу години проширување, повисоките каматни стапки и драстичниот раст на трошоците ја задушуваат изградбата на станови“, рече шефот на истражувањето на IFO, Клаус Волрејбе.

Од пролетта 2022 година забележани се огромен број откажувања на нарачки во станбена изградба. Во јули 18,9 отсто од компаниите во Германија се пожалиле на откажани проекти, а во јуни 19,2 отсто, додека долгорочниот просек е само 3,1 отсто.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.