Повеќе од 187.000 бегалци кои бегаат од војната во Украина пристигнале во Германија по руската воена акција во Украина од пред три недели.

Германското Министерство за внатрешни работи соопшти дека полицијата до денеска евидентирала 187.428 бегалци, главно жени, деца и постари лица.

Во Шпанија, пак, досега се регистрирани околу 4.500 украински бегалци, иако реалната бројка е веројатно многу поголема.

Тешко е да се знае реалниот број на бегалци бидејќи многумина одат директно кај своите семејства овде во Шпанија без да се регистрираат кај властите – изјави шпанскиот министер за миграција Хозе Луис Ескрива.

Повеќе од три милиони луѓе ја напуштија Украина во она што Агенцијата на ОН за бегалци ја нарече најголемата бегалска криза во Европа од Втората светска војна.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.