Руска ракета погоди двокатна станбена зграда во близина на Днепар, при што се повредени најмалку 20 лица, меѓу кои пет деца, соопшти синоќа шефот на Регионалната воена управа на Днепропетровск, Сергеј Лисак.

Експлозијата одекна во населбата Пидгородне во областа Днепар. Оштетена е двокатна станбена зграда. Луѓето останаа под урнатините“, напиша тој на канал нa Телеграм, пренесе Укринформ.

Вкупно 17 лица се пренесени во болница, а според Лисак, уште едно дете најверојатно сѐ уште е под урнатините.

Во извештаите на социјалните мрежи се вели дека руска ракета ги предизвикала експлозиите и дека била погодена и зградата на Брзата помош.

Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека експлозијата се случила меѓу два стана.

За жал, има луѓе под урнатините. Уште еднаш Русија докажува дека е терористичка држава, напиша Зеленски на Телеграм.

Москва негира дека нејзините воени сили гаѓаат цивили.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.