Демократот Роберт Ф. Кенеди Јуниор, активист против вакцините и потомок на една од најпознатите политички семејства во САД, се кандидира во трката за претседател на изборите во 2024 година.

Кенеди поднесе изјава за кандидатура до Федералната изборна комисија предизвикувајќи го актуелниот претседател Џозеф Бајден за номинација од Демократската партија, објави АП.

Кенеди (69), внук на американскиот претседател Џон Ф. Кенеди и син на неговиот убиен брат Роберт Ф., некогаш беше најпродаваниот автор на бестселер и застапник за заштита на животната средина.

Кенеди, сепак, стана еден од водечките гласови во движењето против вакцинацијата пред повеќе од 15 години тврдејќи дека вакцините се небезбедни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.