Властите во Киев им се закнија на родителите на триториите што се под руска контрола да ги бојкотираат новите власти.
Украинската вицепремиерка задолжена за реинтеграција, Ирина Верешчук, ги повика родителите на териториите под руска контрола да не ги испраќаат своите деца на училиште на почетокот на следната учебна година, затоа што, како што предупреди, тоа може да ја одреди судбината и на децата и на родителите. Притоа, Верешчук им се закани на родителите дека „соработката со окупаторите е законски казнива“.
Во март, украинскиот парламент донесе закон со кој се казнуваат „соработниците на окупаторот“.
Во меѓувреме, лидерите на Доњецката и Луганската народна република испратија порака дека одамна гласале за нивната независност и дека сакаат да се приклучат на Русија. Во Херсонската област, каде што засега е мирно, е најавен референдум на кој граѓаните ќе одлучат со кого сакаат да живеат.
За разлика од таа област, која е целосно под контрола на руските единици, во Запорожје се уште се водат борби, но 70.000 граѓани веќе поднеле барање за руско државјанство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.