Украинските сили ги вратија градовите и одбранбените позиции на 35 километри од Киев, објави британското Министерство за одбрана.

Украинските контранапади и неможноста на руските сили да ги задржат развлечените линии за снабдување ѝ овозможија на Украина повторно да ги заземе градовите и одбранбените позиции до 35 километри источно од Киев. Украинските сили веројатно ќе продолжат со обиди за потиснување на руските сили северозападно од Киев, кон аеродромот Хостомел, се наведува во соопштението.

Во соопштението се додава и дека во јужниот дел на Украина, руските сили сè уште се обидуваат да го заобиколат Миколајив, со цел да тргнат кон Одеса, а нивниот напредок го забавуваат логистичките проблеми, како и украинскиот отпор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.