Многу украински деца, кои останаа без покрив над главата во последните недели и ја напуштија својата земја разурната од војна, го продолжија својот живот во соседна Полска, чии власти се погрижија да пораснат нормално и да го продолжат своето образование, јави Анадолија.

Една од образовните институции што ги отвори вратите за украинските деца е „Дванаесеттото основно училиште“ во Жешов.

Децата од Украина посетуваат настава во мешани паралелки заедно со своите полски врсници. Од вкупно 361 ученик во тоа училиште, 50 се од Украина.

Училиштето има искуство со адаптација на деца од странство, бидејќи пред војната во Украина таму настава посетувале и деца од Јапонија и Казахстан.

Ние се стремиме да обезбедиме целосна психолошка помош на децата, а часовите се координирани на начин што го исполнува нивното време и им помага да учат полски и англиски јазик.

Според вчерашните податоци на украинските власти, во руските напади во Украина загинале 128 деца, а 172 се повредени.

Соопштено е дека во бомбардирањето на руската армија биле оштетени 566 образовни институции, а 73 се целосно уништени.

Војната меѓу Русија и Украина, која започна со рускиот напад на 24 февруари, предизвика меѓународна осуда, доведе до финансиски санкции против Москва и го поттикна егзодусот на светските компании од Русија.

Оттогаш, најмалку 1.035 цивили се убиени, а 1.650 се ранети во Украина, соопштија Обединетите нации. Во исто време, повеќе од 3,6 милиони Украинци избегаа во соседните земји, главно во Полска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.