Од 68 милијарди долари одобрени од Конгресот за помош на Украина, околу 90% остануваат во САД, односно одат за американски компании, пишува „Вашингтон пост“.

Овие средства се користат за производство на ново оружје (на 117 производни линии во 31 држава и 71 американски град) или за замена на оружјето испорачано од американските залихи.

Истовремено, дури 31 конгресмен, чии области имаат најголема корист од финансирањето од Украина, гласаа против или ја ограничија помошта за Киев, нагласува весникот.

Администрацијата на претседателот Џо Бајден ги користи овие податоци за да се обиде да го убеди Конгресот да продолжи со воената поддршка за вооружените сили на Украина, пишува „Политико“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.