– Возач уби шест лица со автомобил во Тел Авив, по наводен напад со нож – изјави портпаролот на израелската полиција, нарекувајќи го инцидентот терористички чин.

Израелскиот весник Хаарец пишува дека напаѓачот бил убиен од цивил кој случајно се нашол таму.

Тој, наводно, со својот автомобил влетал луѓе, излегол од возилото и една жртва избодел со нож во вратот, а потоа бил застрелан.

Ројтерс јавува дека осомничениот напаѓач е Палестинец од Западниот Брег.

Возачот беше „неутрализиран“ од припадници на итната државна служба на местото на настанот – изјави портпаролот во програмата на израелското воено радио.

Би-Би-Си јави дека Хамас ја презел одговорноста за нападот. Британските медиуми добија изјава и од палестинската милитантна група Хамас и нејзиниот портпарол Мухамед Хамадех.

Тој вели дека „херојскиот“ напад во Тел Авив е дел од „природниот одговор на масакрот врз палестинскиот народ“ и дека тоа е „легитимна самоодбрана од кршењето на сите човечки норми од страна на израелскиот окупатор“.

Понатаму се вели: „Окупаторот мора да се подготви да ги преброи своите мртви и ранети, бидејќи крвта на нашите деца не е евтина“.

Израел е во состојба на готовност поради палестинските напади, еден ден откако започна голема воена операција во градот Џенин на Западниот Брег.

Најмалку десет Палестинци беа убиени во израелски копнен и воздушен напад врз Џенин во понеделникот.

За прв пат по речиси дваесет години, еврејската држава започна голема воена офанзива на Западниот Брег.

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.