Израелските воздухопловни сили нападнале неколку цели во Појасот Газа, откако неколку часа претходно била истрелана ракета врз израелската погранична област, соопшти израелската армија.

Израелската армија тврди дека при нападот се погодени „клучно место за производство на ракети“ управувано од палестинската организација Хамас, која владее со Појасот Газа, како и тунел на Хамас во јужниот дел.

Воздушниот напад доаѓа откако палестинските милитанти, првпат по еден месец, истрелаа проектил врз Израел. Во нападот нема повредени, а не е причинета и материјална штета.

Овие случувања дополнително ја компликуваат ситуацијата на окупираниот Западен Брег, која е тензична со месеци. По серијата напади врз Израелците, што почнаа во март, израелската армија спроведува почести рации во Западен Брег.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.