На социјалните мрежи се појави снимка која наводно е направена во руска воена база.

Според западните и украинските медиуми, на видеото се гледа како руски војници се бунтуваат против лошите услови во воената база покриена со снег.

Десетици војници одлучиле да ја напуштат базата, при што ја урнале оградата и го напуштиле дворот, а во еден момент избила и тепачка.

Руските војници ја напуштија воената база“, тврди „Скај њуз“.

Снимката ја пренесоа и многу западни медиумски куќи, тврдејќи дека ја прикажува ситуацијата на руската армија во Украина.

Изворот на видеото, локацијата, како тоа дали навистина се работи за руски војници, засега не е е независно потврдено.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.