Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, им предложил на рускиот колега Сергеј Лавров и шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак, неговата земја да биде домаќин на преговорите меѓу двете земји.

Предложив преговори во Будимпешта, безбедно место за двете делегации. Тие ми се заблагодарија и рекоа дека ќе ја разгледаар понудата – напиша Сијарто на Фејсбук.

Унгарија, како членка на ЕУ и НАТО, има блиски односи со Русија откако Виктор Орбан дојде на власт во земјата. Сепак, тој вчера ја осуди руската инвазија на Украина.

Русија вчера предложи разговорите да се одржат во Минск, но како предуслов побара предавање на украинската армија. Украинското раководство, пак, ја предложи Варшава како локација за преговорите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.