Украинската морнарица уништи руски воен брод во Црното Море, соопшти Министерството за одбрана во Киев.

Шест членови на екипажот загинаа, а двајца се повредени кога украинските сили го погодиле рускиот брод во северозападниот дел на Црното Море, објави украинската морнарица на Телеграм.

Во видеото објавено од украинското Министерство за одбрана, може да се видат луѓе како го растовараат бродот и ги носат работите на брегот. Набргу потоа се случува голема експлозија.

Ваквите украински тврдења засега не се потврдени од независен извор, а не е јасно и кога е снимено видеото, пренесува агенцијата ДПА.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.